Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава е реинкарнација на фашизмот.
Уривањето на споменикот на хероите од Втората светска војна, сквернавењето на гробовите, а сега и нарушувањето на церемонијата на положување цвеќе на светиот ден за секој чесен човек го докажуваат очигледното: Западот го одреди курсот на реинкарнација на фашизмот – истакна таа на нејзината страница на Телеграм.
Ваквата реакција на Захарова доаѓа откако амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава.Тој бил полиен со црвена боја кога со неговата сопруга и група дипломати, кои го придружувале, се приближил до споменикот.
По нападот, амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето.
Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.