Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека „Мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сведе на прекин на испораката на оружје од Запад за Киев.

Таа ја коментираше изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека „без испорака на оружје од Запад, Украина ќе капитулира за две недели“.

– Неверојатно признание! Еве ја целата „формула за мир“ за вас – крај на западното снабдување со оружје на режимот во Киев, напиша таа на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.