Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека наредбата за прекин на преговорите меѓу Украина и Русија дошла од американските покровители на режимот во Киев.
Тие преговори, прашајте ги за формулацијата, беа замрзнати, закочени, прекинати, суспендирани. Нека кажат самите, режимот во Киев, што направи со тие преговори. А, другата работа е што ние многу добро знаеме и имаме соодветни информации дека наредбата дојде од американските патрони – изјави Захарова на брифинг со новинарите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Таа повтори дека претставниците на Секретаријатот на ОН со задоцнување реагирале на фактот дека украинските сили гаѓале болници и породилишта во Доњецк и тоа дури по интервенција на руската мисија во ОН.
Захарова го насочи вниманието и на фактот дека западните медиуми го игнорирале гранатирањето на цивилите во Доњецк.
Дипломатот предупреди дека оружјето што Западот и го доставува на Украина, преку црни канали ќе се најде во Европа и во други области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.