Најмалку 41 мигрант загина откако се преврте и потона мал брод во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Тројца мажи и една жена биле спасени од бродот Римона.

Според преживеаните 45 луѓе, меѓу кои и три деца, тргнале со мал чамец од Сфакс, Тунис кон Европа. По шест часа пловидба, поради големи бранови чамецот се превртел и потонал. ми/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.