Водителка на овогодинешното доделување на филмските награди БАФТА, кое се одржа вчера во лондонскиот Ројал Алберт Хол, беше  австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон.

Зборувајќи за знаковниот јазик, Вилсон рече дека еден знак е универзален, а тоа е гест кој го заслужува рускиот претседател Владимир Путин, по што гледајќи во камера му покажа среден прст, на што публиката воодушевено аплаудираше.


Откако минатогодишната церемонија се одржа виртуелно поради пандемијата на коронавирусот, вчера конечно доделувањето беше со публика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.