Во Украина денеска пристигна првиот странски товарен брод од почетокот на војната во февруари и ќе биде натоварен со жито, изјави украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.
Украина повторно почнува да извезува жито, согласно договорот постигнат со Русија, со посредство на Турција и ОН, чија имплементација ја надгледува Заедничкиот координативен центар во Истанбул. Кубраков рече дека товарниот брод Fulmar S, кој плови под знамето на Барбадос, се наоѓа во пристаништето во Чорноморск.
Правиме се што е можно за да се осигураме дека нашите пристаништа мож ат да примаат и обработуваат повеќе бродови. Прво, планираме да достигнеме ниво од најмалку три до пет бродови дневно за две недели, напиша тој на Фејсбук.
Украина планира да извезува три милиони тони жито месечно од пристаништата на Црното Море, рече тој.
Околу 20 милиони тони жито од лани се уште се блокирани во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.