Во масовна гробница во Западен Дарфур, Судан, пронајдени се тела на најмалку 87 лица, вклучително и етнички Масалити, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

Он наведува дека има информации оти паравоените сили за брза поддршка биле одговорни за смртта на тие луѓе.

„Најостро ги осудувам убиствата на цивили и дополнително сум згрозен од бесчувствителниот начин на кој се постапува со загинатите, заедно со нивните семејства и заедници, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Тој повика на итна и темелна истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.