Се зголемува бројот на жртви во пожарите кои со денови горат на островот Мауи, властите велат дека ова е најголемата катастрофа во историјата.

Лахаина, некогашен кралски главен град на Хаваи, сега е крематориум.

„Излегуваме да собереме човечки останки и тие се распаѓаат“, рече началникот на полицијата во округот Мауи, Џон Пелетиер, во саботата, четири дена откако огромниот шумски пожар го опустоши западниот брег на Хаваите.

Потврдени се скоро 100 смртни случаи, што ги прави пожарите во Лахаина најсмртоносните во САД во повеќе од еден век.

Но, само три проценти од јагленосаните урнатини во Лахаина се претресени досега, што ги зголеми стравувањата дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Никој од нас не знае уште колку“, вели Пелети, кој стана видно емотивен.

Десетици преживеани разговараа со новинарите на Би-Би-Си за трагедијата што се случи како молња.

Она за што сите се согласуваат е дека не добиле никакво официјално предупредување пред да побегнат за да си ги спасат животите, со што се поставуваат болни прашања за ефективноста на итен одговор и дали повеќе луѓе можеле да се спасат.

Брајан Агиран (26) го гаснел пожарот со огромни кофи вода и за чудо ја спасил семејната куќа.

Сепак, тој не сака да се врати таму.

„Секогаш кога ќе ги затворам очите, го гледам Армагедон, Лахаина никогаш нема да биде иста“, вели тој, додавајќи дека не може ни да спие.

Како и другите локални жители, тој стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Жителите на Канапали, град северно од Лахаини, каде пожарот стигна до локалната пумпа, исто така беа евакуирани во петокот навечер.

Два часа подоцна, пожарот бил локализиран, потврдија официјални лица.

Извор. Би Би Си



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.