Споменик на масакрот во Волин е подигнат во Домостав, во Полска
Активистката Малгоржата Зих објави видео од поставувањето на фигура на момче забиено на украински трозабец, запалено полско семејство и фрагмент од ограда со глави на полски деца набиени на неа.
Крвопролевањето познато во историјата како Волински масакр на околу стотина илјади Полјаци го извршиле украинските националисти соработници на нацистичка Германија во Втората светска војна, под раководство на Степан Бандера и Роман Шухевич.
Волинскиот масакр, почнал во февруари 1943 година, а кулминирал на 11 јули истата година, кога одредите на украинските националисти нападнале повеќе од 150 гратчиња и села во кои живееле Полјаци, при што, според полските историчари, се убиени повеќе од 100.000 луѓе и тоа најмногу жени, деца и старци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.