Во Париз почна да функционира мртовечко возило што го придвижува велосипед. Целта е да се намали загадувањето, а новото возило нуди и дискретна замена за традиционалните погребни возила – со помал шум, објави интернет-страницата „Париз сикрет“ (Paris Secret).
Иновацијата во облик на велосипедска погребна кола е на компанијата „Ле сијел ет ла тер“ (Le Ciel & la Terre). Новото возило, кое некому може да изгледа бизарно како мешавина од „иновација и екстраваганција“, е дизајн на компанија со седиште во Нант, Франција, која произведува мини-каравани.
Изабел Плумеро, претставничка на фирмата изјави дека целта е да се предложи нешто поинакво, да се покаже дека „покојникот сѐ уште е во средиштето на вниманието“ на погребот, но сѐ тоа да биде и „посовремено“ претставено.
Според неа, превозот на ковчегот со велосипед нуди „еколошки, потивок и почовечен пристап“ кон концептот на погребната поворка.
Возилото долго 3,6 метри се движи со електричен велосипед што „го турка“ одзади. Ковчегот е поставен на платформа со тркала, има дел за цвеќиња и венци, како и хоризонтален рачен држач за придружбата до ковчегот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.