Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси група руски агенти во Одеса, меѓу кои имало двајца војници и локална жителка, а им се заканува доживотен затвор поради шпионирање на локациите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, соопшти прес-центарот на СБУ.
Во соопштението се наведува дека руски агенти по наредба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги извидувале локациите на системите за противвоздушна одбрана во Одеса, ги фотографирале и ги означиле на мапите на Гугл, објави Укринформ. Се нагласува дека втора задача на руските агенти била прикриеното поставување на безжични магнетни камери на територијата на пристаништето Одеса.
Се наведува дека една локална жителка била уапсена во нејзиниот дом откако извршила извидување во близина на потенцијалната цел. При претресот од уапсените биле одземени мобилни телефони кои служеле исклучиво за комуникација со ФСБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.