Руското Министерство за одбрана соопшти дека три авиони МиГ-31-Е опремени со хиперсонични ракети Кинжал се преместени во Калининград, руската ексклава на брегот на Балтичкото Море, која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија.

Од руското министерство додаваат дека авионите постојано ќе бидат во состојба на готовност.

Истовремено, финското министерство за одбрана соопшти дека два руски воени авиони МиГ-31 го нарушиле воздушниот простор на Финска, во близина на градот Порво во Финскиот залив.

Шефот за комуникации на финското Министерство, Кристијан Вакури, за „Ројтерс“ изјави дека прекршувањето на воздушниот простор се случило околу 8:40 часот, а авионите се движеле кон запад, додавајќи дека руските авиони биле во финскиот воздушен простор две минути.

Тие влегоа во финскиот воздушен простор на еден километар – изјави Вакури, без да прецизира дали авионите биле придружувани до напуштањето на финскиот воздушен простор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.