Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра.
Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија.
Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е пронајден и список со имиња, како и мобилни телефони и друг доказен материјал кои ќе се користат во истрагата во откривањето на соработниците, пренесува Ора њуз повикувајќи се италијанската полиција.
Се додава дека ангажираноста на италијанските власти посебно е насочена кон идентификација на каналот од каде се набавени амфетамините и кокаинот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.