Германскиот парламент нема да има време да гласа за буџетот на земјата за 2024 година пред крајот на годината, му напиша висок пратеник од Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц во СМС-порака видена од ДПА.

Коалицијата од три партии на Шолц беше под огромен притисок да ја реши буџетската криза на земјата, која уследи по значајната судска одлука со која беа поништени некои од плановите за трошење на владата, забележува германската агенција.

Иако направивме колку што можеме од наша страна, буџетот за 2024 година веќе не може да се финализира навремено оваа година, напиша Катја Маст, висок пратеник на СПД од фракцијата на партијата во Бундестагот.

Пораката стигна до сите пратеници на СПД, додава ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.