Во Финска денеска ќе се одржи првата средба во рамки на заедничкиот механизам меѓу државата, Шведска и Турција.
На 28 јуни трите земји потпишаа трилатерален меморандум за време на самитот на НАТО во Мадрид.
Финска и Шведска се обврзаа да одговорат на барања на Турција, со цел да се отвори патот кон нивното членство во Алијансата.
На денешната средба, претставници на Турција ќе бидат портпаролот на претседателот Ибрахим Калан и заменик – министерот за надворешни работи Седат Јонал.
Според меморандумот, двете земји ја изразуваат целата своја поддршка за Турција против заканите за нејзината национална безбедност. Тие, исто така, се обврзуваат да не поддржуваат организации што Анкара ги смета за терористички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.