Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.