Славниот сценарист, особено познат по филмот „Битката за Севастопол“, Леонид Корин, загинал во битките за Бахмут, борејќи се во групата „Вагнер“, каде што се пријавил како доброволец.
Филмот „Битката за Севастопол“ е руско-украински проект. Работата на филмот почна во 2012 година, а снимањето траеше од есента 2013 до јули 2014 година во Севастопол, Балаклава, Киев, Одеса и Каменец-Подолск.
Премиерата се случи во 2015 година, при што филмот беше прикажан и на украинскиот бокс офис под името „Нескршлива“ (Незламна). Во филмот се зборува за советската херојка, снајперистката со украинско потекло, Људмила Павличенко, која е родена во Била Церква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.