Еден од вработените кој го преживеал нападот што се случи синоќа во Волмарт во Вирџинија, вели дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука. Тој исто така тврди дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.

Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите, раскажува очевидецот.

Потоа рече дека легнал на подот и се преправал дека е мртов за да го преживее нападот.

Друга жена која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе остане траума до крајот на животот.

Видов како на девојка ѝ пука во главата, им рече таа на насобраните новинари.

Инспекторите сметаат дека пукањето престанало во моментот кога полицијата пристигнала пред маркетот. Додаваат и дека полицијата не пукала во напаѓачот, но се уште не е сигурно дали тој се самоубил или бил застрелан од некој друг.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет луѓе, а неколкумина се ранети. Во нападот загинал и осомничениот напаѓач, кој бил на позицијата менаџер во маркетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.