Во источен Сибир во саботата се регистрирани повеќе пожари коишто ги разгорува силниот ветер, оставувајќи зад себе десетици жртви и стотина уништени куќи, известуваат локалните власти.
Во колината на Краснојарск оштетени се околу 450 објекти, а најмалку пет лица ги загубиле животите, според локалните власти. Повредени се уште 17 луѓе, од кои десет се примени во локалните болници. Во областа е прогласена вонредна состојба.
Во Кемеровската област во една куќа се пронајдени три тела, за што е отворена кривична истрага. Во околината на Омск две лица загинале а уште осум се повредени.
Гувернетрот на областа, Александар Ус издал попладнето соопштение во коешто се наведува дека пожарите ги предизвикла ветерот кој понекаде дува со брзина од 40 метри во секунда.
Ветрот уриваше дрвја и електрични столбови, што предизвика пожари на повеќе места истовремено на подрачјето на Краснојарск, се наведува во објавата.
Метеоролошкиот завод Росхидромет издаде предупредување дека ветерот и во недела ќе дива со брзина од 20 до 25 метри во секунмда, а во планинските и шумските делови и до 30 метри во секунда. Но опасноста од пожари постепено ќе се намалива поради заладувањето.
Ваквите пожари се реткост во мај. Меѓутоа, многу долг период немаше врнежи, а покрај тоа дува силен ветер, вели директорот на заводот Роман Вилфанд истакнувајќи дека човечката негрижа е причина за пожарите.
Послендите години незапаметени шумски пожари го пустошат Сибир, но и крајните северни делови на Алјаска.
Поради пожарите на истокот на Сибори минатата 2021 година во армосферата биле испуштени наводно 16 милиони тони јаглерод, што е четвртокот најголемо количество од почетокот на мерењета во 2003 година, се наведува во годишниот извештај за европската клима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.