Гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации го покажа недемократскиот чин на одлучување во Светската организација. Одлуките таму се носат со мнозинство од присутните во салата а притоа воздржаните не се сметаат. Значи се бројат гласовите само на тие за или против.

Конкретно, на гласањето за Сребреница -За гласаа 84 членки, 19 против, имаше 68 воздржани а 22 не гласаа.

Значи од 191 земја со право на глас само 84 гласале За и тоа за Обединетите нации е мнозинство. Весела математика.

Преведено во прости бројки. Може да гласаат само две земји и едната да биде против, една За а 189 да бидат воздржани и одлука ќе има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.