Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации.

Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка на Советот за човекови права на ОН – напиша Трас на Твитер.

Украинските власти вчера соопштија дека истражуваат можни злосторства на руските сили откако, како што тврдат, по повлекувањето на руските сили од таа област пронашле стотина тела расфрлани во градовите, меѓу кои и Буча.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.