Русија денеска соопшти дека добила извинување од Ватикан поради коментарите на папата Франциск минатиот месец дека руските војници од некои етнички малцински групи биле „најсурови“ борци во конфликтот во Украина.
На брифинг во Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова рече дека Русија сега смета дека работата е завршена и се надева на конструктивен дијалог меѓу Русија и Ватикан.
Во интервју минатиот месец за списанието „Америка“, Фрaнциск зборуваше за, како што рече, суровоста на руските воени сили во Украина.
Генерално, можеби најсурови се оние кои имаат руско потекло, но не се придржуваат до руската традиција, како Чеченците или Бурјатите. Во секој случај, напаѓачот е руската држава, тоа е сосема јасно, рече Франциск.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментарите на папата ги нарече „нехристијански“ и неразбирливи.
Светиот Отец во неколку наврати понуди посредништво на Ватикан за решавање на конфликтот, но поради неговата остра критика кон Русија, тоа е многу малку веројатно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.