Ревизијата на помошта на ЕУ за Палестинците не вклучува суспензија на тековните плаќања, бидејќи тоа ќе им наштети на интересите на ЕУ на Блискиот Исток, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Ревизијата на помошта на ЕУ за Палестина објавена од Европската комисија нема да ги суспендира доспеаните плаќања. Суспендирањето на плаќањата со казнување на целиот палестински народ ќе им наштети на интересите на ЕУ во регионот и само дополнително ќе ги охрабри терористите, напиша синоќа Борел на платформата Х.

Претходно, еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји најави дека Европската унија ќе ги прекине сите плаќања за Палестинците и ќе ја преиспита сета помош поради ескалацијата на конфликтот со Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.