Од утринава, Русија е на раб на граѓанска војна. Војниците на групата Вагнер, под команда на Евгениј Пригожин веќе го освоија градот Ростов, а нивниот шеф најави дека нема да застанат додека не стигнат до Москва. Пригожин во својата последна порака му се обратил на Владимир Путин и му рече дека погрешил што го обвинил за предавство. Тој додаде дека „вагнерите“ не планираат да се предадат по наредба на Путин.

Русите повеќе не сакаат земја во која има корупција, лаги, бирократија – рече Пригожин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.