Шпанскиот Уставен суд денеска ја суспендираше законодавната иницијатива на каталонскиот Парламентот, пет месеци од поднесувањето, за започнување на процесот за независност, чиј прв чекор е референдум.
Иницијативата автоматски беше суспендирана откако Уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на Владата на Педро Санчез.
Санчез во декември му порача на каталонскиот регионален претседател Пере Арагонес дека „не доаѓа предвид“ организирање на референдум за самоопределување на Каталонија. Според Санчез со таков референдум би се прекршил Уставот од 1978 година.
Резултатите од анкетата спроведена минатата година за каталонската регионална Влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците на референдум би ја отфрлиле независноста на регионот, додека 42 проценти би ја поддржале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.