Во годишното обраќање до нацијата унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе ги продолжи олеснувањата поради растот на цените на енергенсите.
Унгарија за уште три месеци ќе ги замрзне цените на горивата и на основните намирници, рече Орбан во за најновата противинфлациска мерка пред изборите во април.
На парламентарните избори на 3 април обединетата опозицијата составена од либерални партии и десничарската Јобик ќе ѝ се спротивстави на партијата на Орбан Фидес. Истиот ден, Унгарците ќе гласаат на референдум за настава за правата на ЛГБТ во училиштата и забрана на таква содржина во медиумите.
Соочени со раст на цените кои би можеле да ја подигнат инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година. Владата на Орбан ги замрзна цените на суровините во февруари, а премиерот во саботата најави продолжување на тие мерки, замрзнување на цените на енергенсите и каматните стапки на станбените кредити.
„Замрзнувањето на цените функционира, ја продолжуваме таа мерка за уште три месеци“, рече тој. Тоа значи дека цената на литар гориво ќе остане непроменета до 15 мај.
Орбан најави и дека растот на цените ќе биде побрз од инфлацијата, па ја критикуваше Европската унија велејќи дека пропаднал планот на Брисел за борба против климатските промени по повисоки цени кои ќе траат со години.
И покрај контролата на цените, унгарските потрошувачки цени пораснаа најмногу во јануари, како и инфлацијата, поради што аналитичарите предвидуваат дека ќе се зголемат и каматните стапки. Затоа Орбан ја ограничи каматната стапка за отплата на станбените кредити до крајот на јуни.
Обраќајќи им се на своите поддржувачи во чаршијата Варкерт, Орбан, кој ја стави мигрантската закана од муслиманските земји високо на својата агенда претставувајќи се себеси како бранител на христијанска Европа, овојпат предупреди дека војната во Украина може да предизвика стотици илјади, па дури и милиони бегалци.
Унгарија работи на мир, рече тој, најавувајќи дека владата има подготвени соодветни сценарија и акциски план во случај на војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.