Русија дека користи цивилни заложници како жив штит, тврди Украина.
Украинските власти велат дека ова го прават за да ги заштитат своите колони со опрема. Украинското Министерство за одбрана додава дека руските војски како жив штити користат и деца. Претходно, и руските власти упатуваа вакви обвинувања за украинската страна.
Војната започна на 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина.
Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак вели дека руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина.
Додава дека тоа го прават со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.