Украинските власти почнаа да ги евакуираат цивилите од неодамна ослободените делови на регионите Херсон и Миколаев, стравувајќи дека недостатокот на топлина, струја и вода поради руското гранатирање ќе ги отежни животните услови оваа зима.

Тие ги повикаа жителите на двата јужни региони, кои руските сили ги гранатираат со месеци, да се преселат во побезбедни области во централните и западните делови на земјата.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук вчера рече дека владата ќе обезбеди превоз, сместување и медицинска нега за нив, со приоритет на жените со деца, болните и постарите лица.

Верешчук минатиот месец побара од граѓаните кои сега живеат во странство да не се враќаат во Украина за зимата за да ја зачуваат енергијата.

Немилосрдното зимско време ја загрижува СЗО, организацијата вчера упати застрашувачко предупредување за енергетската криза врз Украина.

„Оваа зима ќе биде опасна по живот за милиони луѓе во Украина“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге.

„Нападите врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат гориво, вода и струја.Главниот град на Украина се подготвува за студени и мрачни времиња рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.