Руското Министерство за одбрана соопшти дека украински диверзанти се обиделе да ја заземат нуклеарната централа Запорожје.
Денеска, околу 06:00 часот по московско време, украински војници во две диверзантски групи од 60 луѓе во седум чамци се истоварија на брегот на акумулацијата Каховка, три километри североисточно од нуклеарната централа Запорожје и се обидоа да го заземат погонот – се наведува во соопштението на Министерството.
Оттаму прецизираат дека „преземени се мерки за уништување на непријателот, вклучително и со употреба на воената авијација“.
Истовремено, воено-цивилната управа на градот Енергодар, што се наоѓа во близина на нуклеарната централа, Запорожје, соопштија дека украинската армија од утринава врши масовни артилериски напади врз станбените населби на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.