Украинската војска соопшти дека Русија го исцрпела поголемиот дел од своите оперативни резерви во Украина.
Русија почна да преместува трупи од своите јужни и источни воени окрузи за да може да ги пополни своите редови – соопшти Главниот штаб на оружените сили на Украина.
Според нивните проценки, Русија досега загубила 9.166 војници, 251 тенк, 33 авиони, 37 хеликоптери, 404 возила и 105 ракетни системи.
Бројот на загинати руски војници што го известуваат Украинците, многу се разликува од тоа што официјално е соопштено од Москва од каде информираат дека досега загинале 498 руски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.