Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки.
Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут), им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут.
Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени.
Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според Верешчук сега во градот се останати околу 6.000 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.