Делегацијата од Украина пристигна на местото на преговорите со Русија во регионот Гомељ во Белорусија, јави дописникот на РИА Новости.
Претставниците на официјален Киев прстигнаа со два хеликоптери. Кабинетот на претседателот на Украина соопшти дека делегацијата ја сочинуваат министерот за одбрана Алексеј Резников, шефот на фракцијата Слуга на народот Дејвид Арахамија, заменик-министерот за надворешни работи Николај Точицки, советникот на шефот на Кабинетот на претседателот Михаил Подољак, заменикот на Врховната Рада Рустем Умеров, првиот заменик-шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група Андриј Костин.

Кабинетот на Зеленски соопшти дека главното прашање на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од Украина.

Страните се договорија за средбата ден претходно. Руската делегација пристигна во Белорусија и изјави дека е подготвена да ги чека претставниците на Киев до 15 часот, а согласноста на украинските власти стана позната неколку минути пред истекот на овој рок. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „навистина не верува“ во резултатите од преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.