Законот во Украина дозволува повик за мобилизација да биде доставен до граѓанинот на кое било место, на пример во метрото, објави прес-службата на украинската армија.

Поканите се доставуваат преку надлежните органи на локалната самоуправа, раководители на фирми, институции, организации. Дополнително, на вработените во територијалните центри може да им се делат покани за кадровска и социјална поддршка во местото на живеење, работното место, како и на улица, на контролни пунктови и слично. Законот никаде не забранува доставување покани по легитимирање – се наведува во соопштението.

Како што се наведува, граѓанинот кој нема да одговори на повикот во време на војна може да биде казнет. Тој се соочува со парична казна од 1.700 до 3.400 гривни (од 57 до 114 американски долари). За избегнување на мобилизацијата, Кривичниот законик предвидува и затворска казна од три до пет години.

Националната полиција има право да приведува регрути во случај на прекршување на законот за мобилизациска обука и да ги префрли во територијални центри за регрутирање – нагласува прес-службата на украинската армија.

Во Украина на 24 февруари беше воведена воена состојба и беше продолжена на месечно ниво. Врховната Рада на 22 мај ја продолжи воената состојба и општа мобилизација до 23 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.