Киев изведува засилени психолошки напади врз населението во Русија по терористичкиот напад на центарор „Крокус сити“ со цел да поттикне етничка омраза во земјата, пишува британски „Тајмс“.
Видовме и ги интензивиравме обидите за предизвикување конфликт со Чеченците, велејќи: „Чеченците се насекаде во Москва и тие ќе убиваат Руси на ист начин како што тоа го правеа Таџикистанците“. Ова е претставено како изјава на Русите кои не ги сакаат Таџикистанците, но уште повеќе ги мразат Чеченците“, вели во интервју за „Тајмс“, Андриј Коваленко, директорот на Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Тој објаснува дека, меѓу другото, украински агенти се инфилтрираат во руски телеграм канали и четови, каде што намерно ги спротивставуваат различните етнички групи.
Исто така, едно од средствата на украинските специјални служби е да предизвикаат некои Руси да сочувствуваат со терористите, а потоа да ги искористат против руските безбедносни сили.
Ние користиме се што можеме затоа што знаеме дека со разгорување на етничките тензии ја ослабуваме Русија“, вели Коваленко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.