Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од големата нуклеарна централа што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација.
Во соопштение се наведува дека еден блок и високонапонскиот далновод се оштетени во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави Би-Би-Си. Локалните претставници назначени од Русија ја обвинија Украина за гранатирањето.
Украина, исто така, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.