Mинистерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека без помош на Западот, 10 милиони пензионери во земјата нема да ги добијат пензиите навреме, а 500 илјади државни службеници и 1,4 милиони наставници нема да земаат плата.
Таа порача дека парите се потребни „итно“, а сумата изнесува 37 милијарди долари надворешна поддршка за годината.
Свириденко се надева дека ЕУ, сепак, ќе ја одобри поддршката во февруари и ќе ги обезбеди парите до крајот на март, но додаде дека тоа, сепак, можеби нема да биде доволно.
Украина веќе се соочува со недостиг на готовина, а околу 5 милијарди долари исплатени од меѓународни донатори и кредитори во декември „нема да бидат доволни“ за покривање на потребите за трошење.
Според Свириденко, приоритет на владата ќе бидат одбраната и сервисирањето на долговите и затоа „постои огромен ризик од недоволно финансирање на одредени општествени сектори“.
Обидот привремено да се обезбедат пари преку внатрешни заеми или парично финансирање од Народната банка може да предизвика инфлација, да ја поткопа финансиската стабилност и на крајот да ја направи Украина уште позависна од странски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.