Украинскиот институт за национална меморија нареди отворање истрага за наследството на познатиот писател, Михаил Булгаков, со цел да се утврди дали авторот на ремек-делото „Мајсторот и Маргарита“ ја поддржувал „руската империјална политика“.

Како што се наведува во изјавата на веб-страницата на Украинскиот институт, писателот бил „империјалист“ во своите ставови и покрај годините поминати во Киев.

Исто така, од украинскиот институт велат дека Булгаков „ги презирал Украинците и нивната култура, ја мразел украинската желба за независност, зборувал негативно за формирање на украинската држава и за нејзиниот лидер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.