Украински извори соопштија дека руски воен хеликоптер Ка-52 бил соборен прексиноќа над Харков.

На социјалните мрежи се објавени и фотографиите на кои, наводно, се гледаат остатоците од леталото.

Истовремено, од украинскиот Генералштаб наведуваат дека Русија од почетокот на воената операција изгубила 756 тенкови, 1.976 оклопни борбени возила и 366 артилериски системи. Во соопштението се додава дека армијата на Украина уништила 64 руски системи за противвоздушна одбрана, 163 авиони, 144 хеликоптери и 135 беспилотни летала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.