Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека Русија го користи аеродромот „Гомељ“ во Белорусија за да ги подготви своите војници за нападот на Киев, иако тие го контролираат аеродромот „Гостомељ“ во близина на главниот град на Украина.

Според соопштението, руските трупи напредуваат кон Киев од неколку правци, додека украинските сили се борат околу Мариупољ на југ и Харков на североистокот од земјата.

Украинската армија предупреди и дека цел на руските напади сè повеќе се цивилни објекти.

Со цел да го заплаши населението на Украина, непријателот сè повеќе се одлучува за уништување на цивилната инфраструктура и станбените објекти, се наведува во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина објавено на Фејсбук. гт/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.