Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“.

Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат – истакна Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници.

Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.