Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба повика на директни разговори меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Кулеба рече дека Украина е свесна оти Путин е личноста што донесува одлуки во Москва. Тој ова го изјави во контекст на тоа што третата рунда преговори заврши без значителен успех.

Одамна сакавме директен разговор меѓу претседателот на Украина и Владимир Путин, бидејќи сите сфаќаме тој е оној кој ги носи конечните одлуки, особено сега, рече Кулеба. Нашиот претседател не се плаши од ништо, вклучително и од директна средба со Путин, ако Путин не се плаши, нека дојде на состанок, нека седнат и нека разговараат, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.