Украина го отвори граничниот премин помеѓу украинскиот регион Суми и рускиот регион Белгород, што беше затворен од почетокот на војната, за да можат украинските бегалци раселени во Русија да се вратат дома.
Директните патишта до областите контролирани од украинските трупи често се блокирани од првите линии на фронтот, а многу Украинци се принудени да бараат засолниште во Русија.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека граничниот премин е отворен од 5 август.
Украинските бегалци за да се вратат од Русија во регионите под контрола на Украина, мора да патуваат преку земјите на Европска Унија или Грузија.
Киев постојано ги повика Украинците кои живеат во областите окупирани од Русија во земјата да побегнат на украинска територија поради тековните обиди за нивно повторно заземање.
Пред повеќе од 17 месеци, Русија ја нападна Украина и окупираше големи делови од нејзината територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.