Украина од утре воведува рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, откако Русија изврши неколку воздушни напади врз нејзината критично важна инфраструктура, објавија властите.

„Утре, 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени ограничувања за снабдување со електрична енергија низ цела Украина”, објави вечерва на Телеграм Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тој ги повика Украинците да ја „минимизираат потрошувачката” на електрична енергија. Во спротивно, ќе има „привремени прекини”, предупреди Тимошенко.

Зеленски вчера рече дека од 10 октомври Русија уништила околу 30 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина.

Над 1.000 украински населби се без струја.

Во контекст на тоа, Шпанија денеска објави дека ќе и испрати на Украина пет електрични генератори. Станува збор за четири генератори од 400 киловати и еден генератор од 150 киловати, соопшти шпанското Министерство за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.