Вицепремиерката на Украина денеска ги повика цивилите итно да ја напуштат јужната провинција Херсон, која беше окупирана од руските сили, бидејќи украинската армија планира контраофанзива.

Украина го загуби најголемиот дел од таа провинција на Црното Море, како и истоимениот град, во првите недели од руската инвазија која започна на 24 февруари.

„Јасно е дека ќе има борби, гранатирање… и затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат“, изјави Ирина Верешчук за националната телевизија. Таа додаде дека не може да каже кога ќе започне контраофанзивата, пренесува Хина.

„Сигурна сум дека таму ќе има жени и деца и тие не смеат да бидат жив штит“, рече таа.

Владата формирана од Москва во таа покраина најави дека ќе одржи референдум за приклучување кон Русија, чиј датум се уште не е објавен.

Кремљ нагласува дека одлуката за иднината на регионот треба да ја донесат неговите жители. Регионот го опфаќа и градот Керсон, кој пред војната имал речиси 300.000 жители, но не се знае колку од нив останале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.