Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска и ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Би-Би-Си јави дека Михаил Подољак, украински преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, ја потврди оваа најава од Кремљ.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Подољак кажува дека Русија почнала поконструктивно да се ангажира околу преговорите и дека сега „го гледа светот околу себе многу подобро“.

Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека неговата делегација секојдневно разговара со руските преговарачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.