Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, врз кого се вршеше притисок поради корупцискиот скандал во неговиот ресор, ќе биде преместен на друга должност во владата , изјави во неделата шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот на претседателот Володомир Зеленски.

Давид Арахамиа изјави дека министерството за одбран ќе го води Кирило Буданот, шеф на воено-разузнавачката агенција ГРУ. Н

Арахамиа не кажал кога одлуката ќе биде формализирана, а Резников немал коментар.

Војната ги диктира промените во кадровската политика. Времињата и околностите бараат јакнење и прегрупирање. Тоа сега се случува и ќе се случува и во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се браниме и да го вратиме она што е наше“, напиша Арахамиа на апликацијата Telegram.

Арахамиа додаде дека Резников ќе раководи со министерството за стратешки индустрии на Украина, кое во моментов го води Павел Рјабикин.

Олексиј Резников, во рамките на владата, се префрла на функцијата министер за стратешки индустрии за зајакнување на воено-индустриската соработка“, напиша Арахамиа на својот канал Telegram. „Генерал-мајор Кирил Буданов ќе раководи со Министерството за одбрана, што е апсолутно логично за воено време“, додаде Арахамиа.

Оценои дека е „апсолутно логично“ да се назначи Резников во министерството за стратешки индустрии, кое е одговорно за воено-индустриските претпријатија, со оглед на искуството на министерот за одбрана во заминување во преговорите за испорака на оружје за Украина. Тој ги водеше овие преговори со министрите за одбрана на земјите од контакт групата за воена поддршка на Киев, која првпат се состана во воената база Рамштајн во Германија. Резников треба да го „подигне“ министерството за стратешки индустрии, кое „треба да направи повеќе“, рече Арахамиа.

Шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот рече и дека ќе биде назначен актуелниот вршител на должноста шеф на разизнавачата Служба за безбедност на Украина (СБУ), нејзиниот шеф Василиј Маљук, а министерот за внатрешни работи – привремениот министер за внатрешни работи Игор Клименко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.