Украина го одби рускиот ултиматум кој на луѓето им нудеше безбеден излез од Мариупол ако властите го предадат градот. Според рускиот предлог, на цивилите ќе им беше дозволено да го напуштат градот ако украинските сили го положат оружјето.
Но, Украина го отфрли предлогот, велејќи дека предавањето на стратешки важниот пристаништен град не доаѓа предвид. Рускиот генерал Михаил Мизинцев, кој призна дека во градот се случува хуманитарна катастрофа, вчера кажа дека Украина има време до три часот наутро да ги прифати условите.
Мариупол со недели е во окружување на руските сили, кои секојдневно интензивно го гранатираат. Се верува дека во градот се заглавени околу 300.000 луѓе, додека залихите се намалуваат, а доставувањето помош е блокирано. Градот одамна е без вода, струја и греење.
Рускиот предлог предвидуваше отворање безбедни коридори за повлекување на руските трупи и „странските платеници“, а потоа би било дозволено влегување хуманитарни конвои со храна, лекови и други залихи.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук кажа дека Украина нема да престане да го брани Мариупол.
Предавање и положување оружје не доаѓаат предвид, изјави таа, а од кабинетот на градоначалникот изјавија дека ќе продолжат со борбата до последен војник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.