Украинското претседателство го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека е „промотор на војната“, бидејќи разгледува можност да им дозволи на руските спортисти да настапат на Олимписките игри 2024. под неутрално обележја.
МОК е промотор на војната, убиствата и разурнувањата. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа ѝ нуди на Русија платформа за промоција на геноцидот врз Украинците.
Очигледно дека парите со кои се купува олимпиското лицемерие не мирисаат на украинска крв. Зарем не, господине Бах?, напиша на својот Твитер профил, Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, особено целејќи кон првиот човек на МОК, Томас Бах..
Реакцијата уследи откако МОК минатата недела најави дека ја „разгледува“ можноста да им дозволи на руските и белоруските спортисти да настапат на Олимписките игри во Париз, без истакнување национални обележја.
Русија и Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни спортски натпреварување по руската инвазија врз Украина која почна минатиот февриари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.