Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мељник, побара неговата земја да добие западни борбени авиони, воени бродови и тенкови. Ваквото барање на Мељник доаѓа по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи „Патриот“ во Украина.
Украина е многу благодарна за храбрите нови потези на САД. Но, се знае дека постојат иште табуа што треба да се прекинат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција. Тоа е нашата единствена желба за Божик“, изјави Мељник, кој е поранешниот амбасадор на Украина во Германија.
Мељник порача дека во спротивно, војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина.
Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ги подготвува армијата и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси.
Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без оглед на тоа што ќе направат нашите сојузници“, истакна Мељник.
Тој одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“.
Мељник категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија.
Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мељник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.