Француските ученици ќе можат да се самотестираат наместо да прават ПЦР тестови.
Францускиот премиер, Жан Кастекс, соопшти дека причината за тоа е што зголемувањето на случаите на Ковид-19 ги направило здравствените мерки во образовниот сектор премногу гломазни.
Ова ќе ги намали редиците пред аптеките – изјави Кастекс во интервју за телевизијата Франс 2.
Франција во изминатите 24 часа има 767 нововопримени пациенти во болниците во државата, што е најголем скок на хоспитализации од април 2021 година од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.